Ви претставуваме видео со неколку фантастични вежби за зачувување на тонусот на мускулите на лицето.
Во првата вежба треба да ги подигнете образите и да го згрутчите челото. Со тоа ја зајакнувате циркулацијата на тој дел од лицето, а воедно и помагате на кожата да остане долго затегната.
Во втората вежба се муртите како зајак – ги стегате мускулите на носот и пределот околу очите. Оваа вежба го одржува тонусот на мускулите од средината на лицето.
Собраниот стрес во текот на денот се собира во долната вилица. Масирајќи ги образите со кружни движења со рацете ја ослободувате напнатоста во вилицата и ја затегнувате кожата. Овие вежби можете да ги дополните со движења на вилицата во повеќе насоки (во видеото).
За самиот крај на овие мали сеанси, затворете ги очите, протресете ја главата неколку пати, бидејќи тоа го ослободува лицето од евентуално преостанатата тензија.