Доколку сте љубители на пивото, почнете да размислувате за живот во Белгија. Градските власти на Бриж ја одобрија изградбата на првиот „пивовод“ во светот.
Цевката која ќе се протега во должина од три километри, ќе се изгради од пиварата до блиската индустриска зона во која пивото ќе се флашира, а потоа ќе се испраќа на пивопијците ширум светот, изјавил директорот на пиварата Ксавиер Ванесте.
„Идејата се роди од еколошки, а не од економски побуди“, изјавил Ванесте. Низ цевките секој час ќе поминуваат 6.000 литри пиво.
Во пиварата „De Halve Man“ жолто-златната течност се произведува веќе 5 века, а истата годишно ја посетуваат повеќе од 100.000 туристи. Постапката на флаширање на пивото е одамна преместена од пиварата, но самото производство е останато во самиот градски центар.
При изградбата на првиот пивовод во светот ќе се користи најнова технохогија, развиена при конструирањето на нафтоводи и гасоводи. Трошковите ќе ги покрие самата пивара, а почетокот на изградбата е планиран за 2015 година.
Погледнете како изгледа оваа пивара во Белгија: