Психолозите открија дека повторувањето на позитивни реченици во врска со себеси како форма на самопомош не функционира. Напротив, тоа ќе направи да се чувствувате полошо.
Психолозите открија дека повторувањето на позитивни реченици во врска со себеси како форма на самопомош не функционира. Напротив, тоа ќе направи да се чувствувате полошо.
Психологот Joanne Wood и нејзините колеги, побараа од група луѓе со недостаток на самодоверба и оние другите без такви проблеми да ја повторуваат реченицата „Јас сум привлечна личност“. После тоа, тие го анализираа расположението на учесниците и нивното чувство за себеси. Во групата со ниска самодоверба, оние кои ја повторувале мантрата се чувствувале многу полошо одошто оние кои не го правеле тоа. Луѓето од групата со висока самодоверба се чувствувале подобро после повторувањето на позитивните афирмации, но ефектот бил многу мал.
Психолозите потоа побарале од учесниците во истражувањето да направат список на негативните и позитивните мисли во врска со себеси. Од ова тие откриле дека, колку и да звучи парадоксално, оние со малку самодоверба биле во подобро расположение кога им било дозволено да имаат негативни мисли отколку кога им било наложено да се фокусираат само на позитивните мисли.
Истражувачите сугерираат дека како и претерувањето со пофалбите, така и неразумните позитивни изјави во врска со себеси од типот „Се прифаќам себеси комплетно“, можат да провоцираат контрадикторни мисли кај индивидуалците со ниска самодоверба. Таквите негативни мисли можат да преовладеат со намерно предизвиканите позитивни мисли.
[Self-help ‘makes you feel worse’]