Тешко слабеете и имате лошо варење? Решението е едноставно – треба да го забрзате метаболизмот! Не го губете времето обвинувајќи ја лошата генетика или сопствената несреќа, и обидете се да ги промените работите применувајќи ги следниве совети:
1. Пијте вода со лимон, веднаш штом ќе се разбудите.
2. Внесувајте секој ден големи количества на хранливи влакна.
3. Јадете намирници богати со протеини.
4. Јадете повеќе пати на ден, во помали количини.
5. Спиете барем 7 часови, но внимавајте да не претерате со спиењето, бидејќи ниту тоа не е убаво за вашето тело.
6. Зајакнете ги мускулите. Секојдневно пешачете, трчајте, вежбајте…
7. Обидете да не се нервирате или да си создавате стресни ситуации. Колку понервозно се чувствувате, толку повеќе го забавувате метаболизмот.
8. Зголемете го количеството на Омега-3 масни киселини во организмот. Одличен избор на исхрана е лососот.
9. Никогаш не го прескокнувајте појадокот, и обидете се за биде здрав и хрнлив.
10. Јадете органска храна – свежи намирници кои не се прскани со пестициди.
11. Употребувајте здрави масла при готвењето, на пример маслиново или кокосово.
12. Внимавајте на витамините и минералите. Јадете што е можно повеќе овошје и зеленчук, а понекогаш едноставно можете и да ги внесете во облик на таблета.
13. Одредете си време од денот кое ќе ви биде посветено за краток тренинг.
14. Практикувајте јога. Иако оваа дисциплина не звучи премногу динамично, сепак разните јога-пози помагаат при забрзувањето на метаболизмот. Пробајте и ќе ги забележите резултатите.
15. Пијте зелен чај.
16. Практикувајте кратки вечерни прошетки. Доколку некои денови не сте во можност, заменете ја прошетката со вечерни вежби.
17. Користете јаболков оцет.
18. Грицкајте почесто бадеми. Тие се одличен меѓуоброк со оглед на тоа што се богати со протеини, минерали и влакна.
19. Зачинете ја храната. Зачинот од чили пиперка го забрзува метаболизмот.
20. Откако ќе се пробудите, расонете се со утринска гимнастика. Утринските вежби ќе ви помогнат да го забрзате метаболизмот во текот на целиот ден. Најдобро е да вежбате пред 10 часот.
21. Денот започнете го со грејпфрут. Ова е уште една одлична овошка за вашиот метаболизам. Доколку сакате да го засладите, наместо шеќер користете органски мед.
22. Смеј се. Гласното смеење ќе го подигне вашето расположение, а со тоа и ќе го подобри метаболизмот.
23. Користете мед и цимет. Оваа комбинација има изненадувачки добар ефект врз метаболизмот. Додајте ги во чај неколку пати на ден.
24. Пијте многу вода. Дехидрацијата е една од главните виновници за успорувањето на метаболизмот. Експертите препорачуваат најмалку две литри на ден.
25. Користете ѓумбир. Ѓумбирот го чисти телото, а со тоа може да го забрза и метаболизмот. Додадете го во супа или во пијалок.
26. Допуштете си масажа. Релаксацијата и ослободувањето на негативната енергија ќе му помогне на вашиот метаболизам. Што посилна е масажата, толку подобро ќе се чувствува вашето тело.