Докторите на една колумбиска клиника останале во неверување кога дознале зошто една 22-годишна девојка има големи болки во долниот дел на стомакот. Имено, после обичен преглед, заклучиле дека причината за тоа е – компир, пренесува „Huffington Post“.
Интересно е како, односно зашто компирот се нашол во внатрешноста на вагината на оваа девојка.
„Мојата мајка ми кажа дека доколку не сакам да останам бремена, морам да ставам компир долу во вагината, и јас и поверував“, објаснила девојката.
Уште една неверојатна работа околу целиот овој бизарен настан, е фактот што компирот (веројатно поради темната и влажна околина) започнал да испушта корени, а додека да го отстранат од девојката, истите започнале да излегуваат од вагината.
Компирот бил изваден од девојката без операција, и најверојатно нема да има некои значајни последици, но веројатно во иднина девојката чие име не е откриено, би требало подобро да се информира за други видови на контрацепција.