Чување на костимите за капење, во текот на зимата

Доколку сакате и следното лето да се капете во костим, кој што изгледа како нов, следете ги овие упатства.

Костимите за капење, секогаш перете ги на рака.

Доколку го ставите во машината за перење, многу лесно може да се распадне.

Перете го секогаш со студена вода, со малку прашок за перење и малку омекнувач. Важно е добро да го исперете. Во него не смее да остане сол, нуту пак хлор или прашок за перење.

Никако не го ставајте во машина за перење, но ниту во машина за сушење алишта. Добро исцедете го и ставете го на ветровито место да се исуши.

Немојте да го држите директно на сонце, бидејќи постои веројатност да му исчезне сјајот.

Кога ги складирате во орманот до следната сезона, најдобро е да ги спакувате во платнени вреќички, а многу е важно да бидат убаво здиплени, за да не ја загубат фотмата.

Вака костимот за капење ќе ја дочека следната година во совршена состојба.

- Реклама -