Локалната архитектонска компанија Moon Hoon изградила куќа инспирирана од филмот „Војна на ѕвездите“ која би одговарала идеално на сетот на филмот на Џорџ Лукас.
Куќата, која е изградена за четиричлено семејство е создадена со релативно мал буџет, е истовремено е забавна и практична. Невообичаениот проект, кој е завршен во 2013 година, е порачан од авионски пилот и неговата сопруга, кои се обраќаат кон архитектите од Moon Hoon со барање да изградат зелена куќа за нив и нивните деца.
Искористувањето на фактот дека како млад сопруг сакал да биде астронаут, компанијата нафрлала најразлични идеи и на крајот застанува на верзијата која однадвор потсетува на филмот Војна на ѕвездите.
Иако има необична форма, внатре таа е удобна и практична. Трикатната куќа зафаќа вкупна површина од 131 квадратни метри, а голем дел од ентериерот е од дрво. Белите ѕидови и многуте прозорци придонесуваат за природна светлина што ги прави собите да изгледаат поголеми отколку што се.
На првите два ката се спалните, дневната соба, бањата и кујната, додека третиот кат е за игра. До местото за игра се стигнува седнат на стол вметнат во полицата за книги, маскирана како скриена врата. Куќата чини вкупно 192 000 долари).