Тестирајте се и дознајте што фантазијата говори за вашата личност

Овој тест е лесен и многу забавен, а со негова помош ќе откриете многу за пријателите, партнерот, животот.

Замислете го ова: Патувате во пустина на камила, и одеднаш загледувате – коцка!

Како изгледа таа коцка?

Полека читајте го овој текст кој ќе ве воведе низ вашата фантазија и ќе размилите за она што го гледате.

1. Замислете коцка…

Колкава е  вашата коцка ? Која боја е? Колку е оддалечена од вас? Дали е јасно видлива? Можете ли да видите во нејзината внатрешност? Колку е коцката голема во споредба со пустината? Колкав ѝ е пречникот?

2. Гледате скали…

Каква боја се? Од што се направени? Колкава е оддалеченоста помеѓу скалите и коцката? Дали скалите се потпрени на коцката?

3. Гледате коњ…

Колкаво е растојанието помеѓу коцката и коњот? Каква боја е коњот? Каков впечаток ви остава? Дали е коњот врзан? Има седло?

4. Има и цвет или цвеќиња…

Колку цвеќиња гледате? Каде се наоѓа/ат цветот/цвеќињата? Каква боја се? Што чувствувате кога го/ги гледате цветот/цвеќињата?

5. Доаѓа бура…

На која оддалеченост е невремето од коцката? Дали е голема или мала бура? Како изгледа? Поминува или се задржува?

Објаснување:

Коцка:

Коцката ве претставува вас. Она што го мислите за коцката е рефлексија на вашето мислење за себе. На пример, можеби сте замислиле коцка направена од жолт камен. Жолтата боја дава чувство на топлина, а каменот остава впечаток на сила. Тоа значи дека себеси се гледате како силна и топла личност.

Оддалеченоста помеѓу вас и коцката го претставува вашето разбирање на себеси. Ако е коцката далеку, значи дека не се познавате доволно. Ако е коцката видлива, значи дека им дозволувате на луѓето да ви се приближат и да ве запознаат.

Димензиите на коцката во однос на пустината покажуваат што мислите за себе. Колку е коцката поголема во однос на пустината, толку ви е поголемо егото. Малите димензии значат дека не се гледате само себеси и дека не сте себични.

Скали:

Скалите ги претставуваат пријателите. Ако се потпираат на коцката, значи дека вашите пријатели се потпираат на вас. Ако скалите ја поддржуваат коцката значи дека зависите од пријателите. Оддалеченоста помеѓу скалите и коцката открива колку сте блиски со пријателите. Она што го мислите за скалите е она што го мислите за пријателите, вклучувајќи ја и бојата и градбата на скалите.

Коњ:

Коњот е вашиот партнер. Ако се наоѓа блиску до коцката значи дека сте многу блиски. Ако е врзан и има седло, сакате да го контролирате. Како и претходно, вашиот впечаток за коњот е рефлексија на вашето мислење за партнерот.

Цвеќе:

Одраз на вашето потомство, доколку го имате. Ако е цвеќето близу коцката, вие сте блиски со своите деца.

Бура:

Таа е знак на препреки во животот. Ако е блиску до коцката, тешките моменти ви се чести во животот. Ако е мала, значи дека и препреките во животот ви се мали.

Ако ви се допадна овој тест, тестирајте ги и вашите пријатели и кажете им да мижат, додека ви објаснуваат што гледаат, а вие запишувате. Пријатна забава 🙂

- Реклама -