Сенките на патот на смртта

Shades Of Death Road (Сенки на патот на смртта) се наоѓа во американската држава Њу Џерси.

Патот е долг 11,2 километри и поради ужасното име има многу злобни легенди поврзани со него. Повеќето од нив имаат врска со нерешени убиства, кои се извршени во областа.

Една од легендите вели дека во јужниот дел на патот каде шумата обезбедува густа сенка, разбојници демнат жртви во заседа. Тие ги ограбувале и им ги пресекувале грлата, по што организирале битки до смрт за заробените жени. Локалното население конечно се решило од криминалците, така што ги обесиле на дрвјата по должината на патот. Тие останале да висат таму како предупредување до оние кои размислувале да го прекршат законот.

 

Во 1920-те и 1930-те години се извршени три брутални убиства на патот. Едното од нив е грабеж со убиство, а при второто жена го обезглавила сопругот и ги закопала главата и телото од двете страни на патот. Се раскажува дека третото убиство е на локален жител. Тој бил застрелан во регионот, а неговото тело се уште не е пронајдено.

Се смета дека на патот се случуваат и многу фатални сообраќајни несреќи, што доведува до уште полоша слава. Во минатото во регионот живееле и многу диви мачки кои ги напаѓале патниците на патот. Илјадници луѓе се заколнале дека во областа има и паранормални феномени.

- Реклама -