Кучиња како моден додаток

Повеќе...Кучињата понекогаш се статусен симбол  за сопствениците, иако никој нема да го признае тоа. Денес на повидок е еден нов тренд, кој најпрво се појави на црвените теписи, а се повеќе го прифаќаат и обичните смртници: домашните миленици да ги шетаат наместо на ремче – во ташна. Но, историски гледано, тоа не е некоја новина.

proof-why-dogs-that-ride-in-handbags-are-smarter-than-women-m.jpgКучињата понекогаш се статусен симбол  за сопствениците, иако никој нема да го признае тоа. Денес на повидок е еден нов тренд, кој најпрво се појави на црвените теписи, а се повеќе го прифаќаат и обичните смртници: домашните миленици да ги шетаат наместо на ремче – во ташна. Но, историски гледано, тоа не е некоја новина.

Колку и да звучи наобично, практиката на носењето на кучето во ташна води потекло од античкиот Рим. Жените од елитата имале обичај да ги стават своите мали малтешки пудли во ракавот од облеката кога се шетале низ улиците. Малтешките пудли биле нарекувани и „Кучиња на римските дами“ во Рим и овој вид бил симбол на верност.

Денес малтешката пудла сè уште е популарно „куче за носење“ кај жените, па може да се види како овие мали кученца висат на колкот на жените додека овие џогираат.

Уште еден друг вид кој има историја како „куче за носење“ бил пекинизерот, одгледуван во стара Кина за да може да се смести во ракавот на наметката која тогаш ја носеле мажите. Тоа е доказ дека не се само жените оние кои имаат опсесија да носат малечки кучиња како моден додаток.

Низ целата историја кај кралските семејства и аристократите биле популарни голем број видови на мали кучиња. Денес, исто така, постојат неколку видови кучиња со мал раст кои полека стануваат „кучиња за во ташна“.  Кој би помислил дека после милионите години еволуција на крајот кучињата ќе завршат како статусен симбол и трендовски моден додаток.

ancient-china-pekingese1.jpgoh00653_bluestanding_1.jpgdog-in-rucksack.jpg

- Реклама -