Еве неколку одлични примери за говорот на природата. Погледнете неколку плодови што личат токму на оние органи за чие лекување срдечно се препорачуваат.
Домати – срце
Доматот многу потсетува на човековото срце, особено ако се погледнете пресечен на половина. Тој има комори и црвена боја, исто како срцето. Според истражувањата, доматите со богати со железо и калиум, па затоа се одлични за крвта и срцето.
Орев – мозок
Ореовото јадро многу очигледно наликува на мозокот. Има лева и десна хемисфера, а наборите изгледаат како мозочните бразди. Општо е познато дека оревот создава невронски преносители за функцијата на мозокот.
Целер – коски
Целерот личи на коските и навистина влијае на нивната цврстина. Коските содржат 23% натриум, како и овој вид храна. Доколку не конзумирате доволно натриум преку храната, вашиот организам ќе го црпи од коските кои пак тогаш ослабуваат. Затоа, навалете му на целерот.
Авокадо – матка
Секоја жена треба да го има ова на ум. Авокадото, модриот патлиџан и крушките поволно делуваат на здравјето на матката, а на нејзе и наликуваат. Јадејќи по едно авокадо неделно, хормоните кај жената се урамнотежуваат и се спречува рак на матката и јајниците. Дополнително интересен факт е дека е потребно точно девет месеци за авокадото од цвет да созрее во плод.
Сладок компир – панкреас
Слаткиот компир многу наликува на човековиот панкреас, а делува така што го балансира шеќерот во крвта.
Морков – очи
Родителите секогаш ни велеле да јадеме моркови за да имаме подобар вид. И навистина морковот во пресек необично многу наликува на човековото око. Загледајте се во пресечено парче од морков и практично ќе ги видите зеницата, ирисот и зрачните линии во човечкото око.
Цитрон – дојки
Портокалите и цитрусните овошја воопшто наликуваат на женските дојки и помагаат за движењето на лимфата низ нив, спречувајќи рак.
Ѓумбир – желудник
Ѓумбирот наликува на желудникот, а факт е дека ги ублажува неговите тегоби и надуеноста. Содржи ензими кои се одговорни за катализа на протеините во храната, кои помагаат во варењето и спречуваат грчеви, настанок на чир, оштетување на слузокожата итн.
Печурка – уво
Печурките го подобруваат слухот и се една од ретките намирници кои содржат витамин Д, кој е важен за здравјето на коските, дури и оние ситните кои се наоѓаат во увото.