По повод Weekend Media фестивал што се одржува во Хрватска, Британскиот маркетингшки експерт Скот Морисон претстави шест однесувања кои ќе им помогнат на лидерите да ја усовршуваат својата компанија и да ја направат ефективна.
„Средишниот концепт е позитивното пореметивање кое лидерите го создаваат со своето однесување во внатрешноста од организацијата. Концептот е применлив за секоја работа, без оглед на големината на компанијата, но не е за луѓе со слаби нерви, бидејќи лидерот мора да започне од самиот себе“.
На 7-миот Weekend Media продолжува да се говори за промената на пазарот за маркетинг, како и претставувањето на најдобри регионални огласувачки проекти, во состав на BalCannes.
Под покровителство на Адриа група, во Ровињ од 18 до 21 септември, се одржуваат над педесет предавања и панел дискусии каде се разговара на различни теми во релаксирана атмосфера, а тука се и неизбежните забави во ноќните часови.
Оваа година програмата е побогата во однос на изминатите години и се одвива во 5 сали.
„Јасно е дека никој неможе да ги прати сите предавања, секој панел, ниту да учевствува во секоја работилница, но преку богатата понудена програма сакамe на нашите посетители да им овозможиме сами да си го обликуваат својот Викенд и да од Ровињ понесат свои посебни доживувања и знаења кои им се ним потребни“, изјави програмскиот директор Никола Врдољак.