Викенд Медиа Фестивал: Рекордни 135 пријавени проекти за “SoMo Borac”

Загреб, 17ти септември 2014 – “SoMo Borac” е собирно место за дигиталните професионалци на Викенд Медиа Фестивал на кое се наградуваат најдобрите производи од социјалните мрежи, односно категорија на мобилни уреди.

Жири комисијата (http://somoborac.com/ziri/) која ја сочинуваат 18 експерти од целиот регион, се состанаа на 12ти септември во просториите на Algebre и во текот на целиот ден одлучува за најдобрите дела. Оваа година имаме рекорден број на пријави, дури 135, што претставува 35 пријави повеќе во однос на минатата година.
Најмногу апликации пристигнаа за категоријата “SoMo Face” – дури 37 апликации, потоа следат “SoMo Content“ со 20 апликации и “There’s not A Problem That I Can’t Fix, Cause I Can Do It In The Mix” со 17 апликации. “Aпликации со големо А” и 16, “Одам и гледам” и “Вирален блокбастер” со по 11 апликации, “CM години” со 13, додека “SoMust Have” со 10 апликации.

SOMO-borac-1

”Ние сме многу задоволни од бројот на овогодинешните апликации”, изјави Ружица Врдољак од организацијата на “SoMo Borac”, ‘но, пред се од нивниот квалитет”. ”Жирито имаше доста тешка задача, бидејќи имавме голем број на одлични дела, како и сами презентации. Значително е зголемен бројот на апликации во категоријата на мобилни уреди, што покажува дека одиме кон “mobile first” стратегијата.”

”Многу повеќе апликации пристигнуваат од целиот наш регион, и тоа што забалежавме дека и квалитетот на истите е на многу повисоко ниво”, изјави Давор Руње од “Drapa„, еден од членовите на жири комисијата, додека Милица Четинич од “Jasno i glasno” заклучи дека ”Вистинско задоволство е да се види што сѐ се работело во дигиталната индустија во целиот регион”. Лука Абрус од “Pet minuta” откри како ”селекцијата на жирито не беше тешка, бидејки се работи за интересни и иновативни проекти”, додека Tомислав Криштоф од “Algebre” додаде ”да, сите дела се многу добри, но имаат и разлика во презентацијата”.

Како им беше на жири комисијата, погледнете на видеото:

Доделувањето на “SoMo Borac” наградата ќе се одржи во сабота, 20ти септември во 12:30 часот на Викенд Медиа Фестивалот во салата Викендица, каде ќе имате прилика да ги погледнете најдобрите регионални дела во категоријата “Social i Mobile”.

- Реклама -