Направете ги чевлите на висока потпетица поудобни

Како да ги направите чевлите со висока потпетица поудобни?

 

Ви се  допаѓа да носите чевли со висока потпетица, но тие ви се непријатни? Еве неколку едноставни совети како да ги поштедите своите нозе, а во исто време да не се лишите од   вашиот омилен стил.

Пробајте ги навечер

Нозете ви се потат со текот на денот, па обувките кои се ви тесни наутро, ќе ви бидат уште повеќе непријатни вечерта. Ако не ви се сосема удобни кога ги пробувате во продавница, воопшто не ги купувајте.

 

Растегнете ги дома

Ако чевлите ви се малку тесни, спрејовите за растегнување можат да ви помогнат. Прснете на чевлите однатре и однадвор, а потоа пробајте ги додека се мокри. Ако се уште се ви неудобни, однесете ги на кондураџија.  Тој може да ја прошири областа околу петтата, па прстите на нозете да не бидат толку притиснати.

Рамните чевли можат да се прошират како по должина, така и на ширина. Чизмите можат да бидат стеснети до целиот сантиметар околу листовите и ако тоа не е доволно, можете да ставите еластична подлога што ќе ја прошири зоната. Кожата, велурот и ткаенината лесно се прошируваат.

 

Ставете влошка

Ако ви се појавуваат плускавци, влошката може да ви помогне. Обидидете се со кожени – тие се потенки и потрајни од синтетичките, а некои дури имаат антибактериски дејствија. Влошките ги подкреваат нозете и го намалуваат влијанието од одењето.

- Реклама -