Чао кондоми: Измислена контрацептивна инекција за мажи

ДОБРА ВЕСТ: Наскоро ќе можеме да уживаме во сексот без да мораме да користиме кондоми.

Некои се помирени со нив, некои ги мразат, ама ретко некој да ги сака. Како и да е, се чини дека на кондомите им се ближи крајот, барем во смисла на заштитата од бременост.

Научниците измислија нова контрацептивна инекција што ќе содржи супстанција наречена „Vasagel“. Vasagel привремено ги блокира каналите во пенисот низ кои тече спермата од машките тестиси. Во суштина, работи на ист принцип како и васектомијата, со исклучок на тоа што не е трајна. Звучи како остварување на сонот на еден куп мажи, па и жени, така? Па… Доволно блиску.

needle_2212555b[1]

ЛОША ВЕСТ: Големите задоволства скапо чинат. Инекцијата мора да се прими баш во главниот јунак, малку над тестисите. Ауч! Подобро не ги фрлајте кондомите, барем засега.

Инаку, The Parsemus Foundation, виновникот за ова откритие, вели дека инекцијата е сеуште во рана фаза и до сега е тестирана само на бабуни и зајаци. Тестирањата врз луѓе се планирани за следната година, а ако се помине добро, се очекува инекцијата да се појави во употреба околу 2017-тата.

- Реклама -