Дали Facebook телефонот ќе изгледа вака?

Ако им верувате на гласините Facebook работи на создавање на смартфон. Постојат гласини дека компанијата веќе собира инженери и се подготвува да го најави телефонот идната година. Овој концепт за Facebook смартфон е дело на Мајкл Бониковски и тој нуди еден можен изглед за оваа направа.

Тенка метална форма со 4,2 инчен екран, камера од 5 мегапиксели на предната страна и втора камера од 8 мегапиксели на задната, сето тоа во сината боја на Facebook.

- Реклама -