10 начини да се искористи лажичката за подобар изглед

Лажичката очигледно не служи само за јадење, таа е и совршен „соработник“ во остранување на подочниците и модринките, нанесувањето на римелот…1. Преку ноќ оставете  во замрзнувач две големи лажици. Наутро извадете ги, па со задната страна допредете ги подочниците и умерено правете кружни движења. Движењата ќе ви помогнат да го отстраните вишокот вода, а студенилото ќе го неутрализира отокот.

2. Со ладна лажица можете нежно да ги истриете и новонастанатите модринки, со што ќе го забрзате заздравувањето.

3. Лажицата е одличен алат и за повлекување на рамните и криви линии, што е понекогаш неопходно кога се повлекуваат линии со миливче за очи. Оваа техника, можете да ја видите во видеото во продолжение.

4. Округлата површина од лажицата ќе спречи и размачкување на римелот. Ставете ја под капакот и нанесете ја омилената маскара, употребете четка за вообичаената постапка, па оставете минута – две додека бојата не се стабилизира.

5. Свиткајте ги трпките со помош на лажичка: со заоблениот дел од лажичката притиснете го капакот на окото, а со прст допрете ги трепките.

6. Ви „испукака“ површината на сенката за очи или пудрата во прав? На смесата додадете капка или две алкохол па со задната страна на лажичката израмнете ја површината. Оставете да се исуши и продолжете да ги користите козметичките производи како и претходно.

Прочитајте и:  Ботаничко дуо | Софка и Дани

7. Во лажичката можете да ја измешате омилената боја сенка за очи со малку вазелин за да добиете оригинален сјај за усни.

8. Истакнете ги образите со шминка иако не сте вешти со сенчање на образите. Допрете ја лажичката до образите, па под закривената линија, трага што ја оставила истата, нанесете прав за контурирање.

9. Нека виде лажичката палета за уметничко украсување на ноктите. Накапете на површината на лажичката, две или повеќе бои од лакот за нокти и така олеснете го мешањето на боите и осликувањето на ноктите.

10. Забрзајте го процесот на лекување на акните на лицето со помош на топла лажичка. Ставете ја во топла вода ( вода од чешма која што не е премногу врела за да ја изгори кожата), па со неа поклопете ги акните и држете додека површината на лажичката не се олади.

За крај погледнете го сето ова спакувано во едно видео.

- Реклама -