Ибица е една од најжешките дестинации во светот.
Островот е познат по својот ноќен живот, плажите и забавите. Погледнете неколку фактот за него, кои можеби не ги знаете:
Првата населба на островот Ибица е основана во 654 година од Феникијците. Таа се викала Ибосим во чест на божицата на музиката и танцот.
Ибица е прогласена за светско културно наследство, но не поради луксузот и ноќниот живот, туку заради архитектурата, бреговите и флората и фауната во водите околу неа.
Секоја година 2,8 милиони туристи го посетуваат островот.
Портокаловата боја на почвата се должи на танинска киселина , од многуте борови.
Во 2007 година локалната власт издаде наредба според која може да се градат само хотели со 5 ѕвезди.
Населението на Ибица во 1991 година беше околу 76 000 луѓе. Во 2010 година тоа е веќе изнесува 132 637 лица.
Областа е само 571 квадратни км.
На островот нема отворени водни извори. Има една река, но таа е подземна. Па тука нема да видите езера или потоци.
Ова можеби објаснува и следниот факт – на островот нема голема разновидност на животински видови. Тука живеат претежно кози и гуштери кои се адаптирале кон копното.
Музичарот Сид од Sex Pistols живеел на Ибица како мал.
Просечната цена на куќа во Ибица е 590 000 долари, што е двојно повеќе од просекот на Шпанија. Цените на вилите почнуваат од 1.2 милиони долари, а стан со две спални може да се купи за 270 000 – 540 000 долари.