Историјата не е само збир на важни настани кои се опишани во учебниците. Разбирливо, покрај тие големите, се случувале и помали настани кои не си го нашле местото таму. Но баш тие помалку познати куриозитети се и поинтересни, заради нивната потривијална природа.
Историјата не е само збир на важни настани кои се опишани воучебниците. Разбирливо, покрај тие големите, се случувале и помалинастани кои не си го нашле местото таму. Но баш тие помалку познатикуриозитети се и поинтересни, заради нивната потривијална природа. По случаен редослед и избор еве неколку историски факти кои нема да ги најдете во учебниците по историја:
Неодамнешните истражувања открија документи кои покажуваат дека Хитлер избегнал да плати данок со вредност од 405,500 марки (6.3 милиони долари во сегашна вредност) кога станал канцелар во 1934. За негова среќа, таксата му била простена кога бил избран. Се верува дека тој заработил 1,2 милиони марки само од продажбата на неговата книга и избегнал да плати 600,000 тогашни марки данок. Оној кој му го простил долгот добил голема парична награда.
Карл Маркс одредено време бил дописник на Њујорк Дејли Трибјун.
Јозеф Сталин некое време учел за свештеник.
Еден човек од Њу Орлеанс најмил пират за да го спаси Наполеон од затворот св. Елена.
Како и Дракула (Vlad Tepes), навистина постоел и кралот Магбет. Тој владеел со Шкотска од 1040 до 1057.
Чарлс Дарвин се оженил со првата братучетка.
На 36 години, додека сè уште бил во брак, Ганди решил да практикува целибат со цел да достигне просветлување. Како што станувал постар, тој станал толку опседнат со сексот, што после ненасилството тоа му била втора омилена тема за разговор. Со цел да ја усоврши техниката на одрекување од сексот, Ганди спијал гол со млади исто така голи жени. Една од нив била и 16 годишната жена на неговиот внук Кану Ганди. Кога сакал да ја дели постелата со 19 годишната правнука Ману Ганди, тој му пишал на нејзиниот татко и му кажал за намерата. Кога неговиот стенограф го нашол во постела со Ману, дал оставка згрозен.
Џон Ф. Кенеди, Ентони Барџис, Олдоус Хаксли И Керол Луис умреле на ист ден.
Хомосексуалните бракови биле признати во античкиот Рим, самиот Нерон ги крунисал браковите на најмалку два хомосексуални парови.
Внукот на Адолф Хитлер, Вилијам Хитлер, емигрирал во САД во 1939 година и се борел против својот вујко.
Кралот Ричард II го измислил шамивчето.
Првата бомба која паднала во Берлин за време на Втората светска војна го убила единствениот слон во Берлинската зоолошка.
Во стар Египет се произведувале најмалку шест видови на пиво.
Во 74 година п.н.е. императорот Веспазијан за да ја надополни касата која се испразнила за време на граѓанската војна, ги измислил првите јавни тоалети со наплаќање. Кога неговиот син Тит го искритикувал заради тоа, Веспазијан му укажал на тоа дека парите, иако заработени на таков начин – не се валкани. Оттаму е неговата позната реченица – Pecunia non olet или парите не смрдат.
Арапските бројки (оние кои ги користиме) не се измислени воопшто од Арапи – тие, всушност, биле измислени од Индиските математичари. Тие биле модифицирани од северноафричките арапски математичари и пренесени во Европа во Средниот век.
Во 1938, Тајм магазинот го прогласи Адолф Хитлер за „Човек на годината“. Во истата таа година, тој зеде целосна и апсолутна команда врз германската војска, ја покажа својата намера да ја згази Чехословачка, зеде поголема контрола врз Австрија со закана дека во спротивно ќе ја окупира и прогона 12.000 евреи од Германија.
Луѓето кои го основаа Футуризмот (уметничко движење) исто така се основачите и на првата Фашистичка Партија во Италија од 1918.
На Алберт Ајнштајн му беше понудена позицијата на второт по ред претседател на Изреал во 1952, која тој ја одби.
Нов Зеланд беше првата земја која им даде право на глас на жените во 1895 со тоа што им дозволи да гласаат.
Доматите се сметаа за отровни долго време во Европа и беа одгледувани само како украсно растение. Всушност, лисјата и стеблото на доматот се навистина отровни, но можат да се користат во умерена количина за арома.
Набрзо откако почнала изградбата на денес познатата крива кула во Пиза, нејзината основа се навалила. Изградбата била сопрена и продолжила после 100 години. Значи, кривата кула во Пиза никогаш не била исправена.
Старите Египќани користеле камени плочи како перници.
Луѓето носат очила од пред околу 700 години.