Иако комична и во однос на автомобилите, оваа шега одлично опишува некои особини на хороскопските знаци. Погледнете…
Овен: Нешто брзо … И црвено!
Бик: Волво.
Близнаци: Автомобил? Сигурно сакаш да кажеш два.
Рак: Семејна кола.
Лав: Лимузина … Со возачот.
Девица: Економичен автомобил. Девицата ќе ја одржува чиста и уредна.
Вага: Нема да успее да реши и на крајот ќе се вози кај своите пријатели.
Шкорпија: Нешто црно … Со затемнети прозорци. Никој нема да знае како изгледа одвнатре.
Стрелец: Што автомобил? Ќе си купам авион.
Јарец: Мерцедес-Бенц.
Водолија: Се вози само со автобуси и метро. Автомобилите се за снобови.
Риби: Не е важно. Рибите секогаш забораваат каде се паркирани.