Пет вистини што ги крие модната индустрија

Анорексичните тела на манекенките, сексуалноста во рекламите, материјалите за облеката и работните услови – непријатни прашања за овие теми им се поставуваат се почесто на лидерите во модната индустрија.

Гигантите во областа трошат милиони долари за масивни  кампањи и донации за социјални каузи. И покрај овие напори вистината останува една – модата е една од најпознатите валкани индустрии во светот.

1. Колекциите се направени така што ќе ве натераат да се почувствувате старомодни само по една недела.

Teenage girls (16-17) shopping

Во минатото имаше три модни сезони: пролет / лето и есен / зима. Денес модната индустрија произведува 52 „микро сезони” годишно. Со новите тенденции кои доаѓаат секоја недела, целта е потрошувачите да купуваат повеќе облека за да бидат модерни.

2. Намалувањата воопшто не се попусти.

"50% OFF" Sale Sign in Clothing Store

Многу луѓе сакаат да купуваат само на попусти, кога мислат дека склучиле добра зделка. Но тие секако не ја виделе претходната етикета со цената. Всушност, големите модни брендови не ги пуштаат на намалувања своите квалитетни парчиња.

 

Прочитај повеќе: Лажни попусти во Скопје – облеката поскапа отколку во светските метрополи

3. Во нашите алишта има олово и опасни хемикалии.

Denim jeans

Модните синџири се уште продаваат  чанти, ремени и чевли со олово, иако имаат потпишано договор за ограничување на употребата на тешки метали во нивните производи. Акумулацијата на олово  може да доведе до оштетување на плодот при бременост. Освен тоа високите нивоа на штетни супстанции се поврзуваат со неплодност и зголемен ризик од инфаркти, мозочни удари и висок крвен притисок. Всушност, оловото е само дополнување на коктелот од пестициди, инсектициди, формалдехид и други познати канцерогени, кои се наоѓаат во нашите алишта.

4. Облека е дизајнирана да се распаѓа.

Man wearing very tight shirt

Модните гиганти ни продаваат облека, која брзо се изобличува  при перење и употреба. Истражувањата покажуваат дека просечниот Американец исфрла текстил за 112 долари годишно. И не станува збор за донација на облека од добротворни продавници, туку за нови алишта, кои по неколку носења одат во ѓубре.

5. Додатоците се   дело на детски раце.

Woman in Sequined Shirt by Liz Wolfe

Милиони домашни работници, скриени во некои од најсиромашните региони на светот, шијат етикети, апликации и додатоци  по облеката. Често овој труд се врши со помош на нивните деца. Се разбира, постојат машини кои ги вршат сите овие активности, но тие се многу  поскапи. Да не зборуваме дека текстилната индустрија е позната по една од индустриите со најниски плати.

- Реклама -