Звучи како сон, а точно така и изгледа.
Замислете да е целиот остров само за вас и вашите пријатели, каде што можете да правите што сакате и да не му попречувате никому. Плажата да бие само ваша, да се шетате сами и да не морате да се сретнете со минувачи преку целиот одмор…
1. L’Ilot, Mauritius
Вистинско блаженство за сите кои сакаат мир и прекрасни глетки. Тука удобноста е на прво место, а сценографијата – незаборавна.
2. Cayo Espanto, Belize
Да се будите во близина на плажа во огромен кревет само за вас и најблиските. Нема потреба да се грижите за багажот, можете да се распакувате ширум целата плажа и да се шетате непречено каде што ќе посакате.
3. Bluffton, USA
Оваа симпатична виличка е сместена помеѓу стари дрвја, кои ја пазат идеалната сенка, под која што можете да седнете со коктел во раката и да уживате во тишината.
4. French Louie Caye, Belize
Овој рајски остров се дава под наем заедно со човек кој како што се вели – „ќе биде секогаш на ваша услуги” и дури и ќе ви улови свежа риба за вечера. Звучи како сон, нели?
5. East sister rock island, USA
Се претпоставува дека ако имате доволно пари за да си го изнајмите целиот остров, ќе можете да си дозволите и да појдете до таму со својот приватен хеликоптер. Островот има игралиште за слетување.
6. Royal Belize, Belize
Овој прекрасен остров се изнајмува заедно со персоналот, што ќе ви служи во текот на престојот. Замислете како си лежите по цел ден на приватна плажа, а кога ќе се вратите приквечер, на масата ве чека вкусно јадење приготвено од личниот готвач …
7. Little Whale Cay, Bahamas
Кристално чиста вода и бескрајна плажа, која чека само вас и вашето друштво или сопатник.