Научниците тврдат дека конзумирањето витамини нема никаков ефект при спречување на смрт или болест кај луѓето, а најновите истражувања покажале дека вишокот антиоксиданси го зголемува ризикот од појава на рак.
Во многу случаи, земањето големо количество во облик на додатоци (посебно витамините А, Ц и Е и бетакаротен) може да биде штетно, бидејќи на тој начин се зголемува ризикот од појава на рак и други болести, имајќи предвид дека премногу се зголемува концентрацијата на антиоксиданси во телото.
Докторот Мики Барбер предупредува дека пет витамини и додатоци треба темелно да се преиспитаат поради нивната штетност, меѓу кои се калциумот, додатоците на калциум, витамински додатоци на исхраната, витамински додатоци за мажи, витамини и минерали за повозрасни од 50 години.
Барбер додава дека храната е најдобар пат по кој телото ги добива витамините и минералите за оптимална функција на клетките, иако сите тие витамини не можат да се добијат во секој оброк.