Среќа или несреќа? Никој не знае…

Татко и син имале фарма. 

Биле сиромашни и чувале неколку  животни, но многу се грижеле за единствената  кобила. Еден ден сепак таа избегала.

– Ах, каква лоша среќа! – рекле соседите. – Лоша или добара, никој не знае, одговорил земјоделецот.

По една недела кобилата се вратила, а по неа во дворот влегле и четири диви коњи.

– Ох, каква среќа! – извикале соседите. – Добра или лоша , никој не знае, одговорил земјоделецот.

Синот почнал да ги дресира дивите коњи, но еден од нив го фрлил и му ја скршил ногата.

– Лоша среќа! – рекле соседите. – Добра ли лоша никој не знае, повторно одговорил стариот фармер.

По една недела во селото дошле воени лица и ги собрале сите млади мажи да одат во војна. Само синот на земјоделецот го оставиле бидејќи бил со скршена нога.  Добра или лоша среќа? Никој не знае…

- Реклама -