Овој мал стан е со површина од само 29 квадратни метри. Тој вклучува спална, дневна и кујна и бања со тоалет.
За да се справи со недостигот на простор, сопственикот користел многу интелигентни и генијални дизајн решенија.
Внатрешниот дизајн е типично скандинавски, со многу бели елементи, дрвени подови и минималистички мебел.
Дневната е и спална соба, а креветот се крие зад бел панел.
Ѕидното биро до прозорецот се претвора во ноќно шкафче во текот на вечерта.
Големите лизгачки врати кријат доволно простор за складирање и заедно со креветот формираат континуирана единица на бел мебел.
Белиот кауч и масата формираат катче за одмор, кој што лесно се претвора во простор за јадење.
Полицата за книги се користи како шкафче за телевизор. Кујната е мала, но со многу карактер.
Длабоко пурпурните ѕидови, отворените полици и сјајни бели кабинети, во комбинација со ламинатната површина изгледаат одлично заедно. Недостатокот на простор не создава негативни ефекти врз бањата.
Тоалетот е во црно и бело, со шаховски под, огледало, лизгачка врата и туш кабина.
Прочитај повеќе: Смарт мебел за мали станчиња (видео)