Физичката активност е корисна за мозокот на децата

Американски специјалисти  направиле истражување кое што докажува дека физичката активност е корисна за мозокот на децата, пишува  “Дејли експрес”. Авторите од Универзитетот на Илиноис откриле дека физичките вежби ја подобруваат брзината и врските помеѓу мозочните неврони. Постојат голем број докази дека децата со подобра физичка активност се справуваат подобро на училиште.

Што придонесува за добрата мозочна активност?

Ова прашање си го поставиле авторите на оваа студија. Истражувањето покажува дека кај активно физичките деца се јавуваат многу погусти области од „бела материја” во мозокот, отколку кај оние со недоволна физичка активност. Мозочните области со повеќе бела материја се важни за вниманието и учењето, а исто така се од клучно значење за поврзување на различните делови на мозокот, објаснуваат експертите. Истражувањето е прво од ваков вид кое што открива врска помеѓу физичката активност и белата супстанција.

Прочитајте и:  Децата не треба да имаат свој телефон пред возраст од шест години

Претходните студии биле фокусирани на специфични структури во мозокот, како што се хипокампусот, кои учествуваат во учењето и влијанието на физичката активност врз големината и обемот.

Во оваа студија д-р Лора Чадок-Хејман и нејзините колеги откриле дека физичките вежби можат да придонесат и за други поволни мозочни промени, како на пример да го подобрат начинот на кој што се испраќаат сигнали до различни делови во мозокот.

Оваа студија сепак не дава одговор на прашањето дали поголемата бела материја се изразува и во повисок коефициент на интелигенција или подобри академски достигнувања.

- Реклама -