Проф. Ерик Андерсон од Универзитетот во Винчестер, објаснува дека што подолга е врската, толку повеќе опаѓа квалитетот и зачестеноста на сексот. Причината е што партнерите „се познаваат напамет“ и тоа им здосадува. Според Андерсон, тоа е нормална човечка особина.
Сепак, тој и неговиот тим спроведоа истражување за да откријат што е тоа што ги тера жените на неверство, т.е. зошто едноставно не ја прекинат врската/бракот во кој се толку несреќни. Во истражувањето учествувале 100 брачни парови, на возраст од 25 до 45 години.
Дури 67 проценти од испитаничките рекле дека само сакале на кратко да си ја повратат страста во својот живот и дека сакале да се почувствуваат привлечни и посакувани, барем за момент. Ниту една од испитаничките не сакала развод, ниту пак планирала да ја напушти сигурноста на бракот.