Совршена практичност, создадена на 45 кв.м. ни покажуваат дизајнерите на INT2architecture , во Москва, Русија.
Мало студио – скапоцен камен во бело и светли пастелни тонови со одвоена кујна, спална, бања.
Зоната за спиење е одвоена со завеси, подигната на друго ниво, со тоа што просторот на дното е решен како фиоки за чување на обемни предмети.
Стилската трпезарија со софа и телевизор е одвоена од кујнскиот дел, преку бар зона и бел нежен ѕид.
Вградениот мебел во станот остава простор и за ситни интересни акценти, како нежни и убави слики на ѕидовите и шарен под.
Малата бања е украсена со необични дела, за да го одвлече вниманието од ограничувањето во големината.
Едноставната тераса е декорирана стилски и удобно.
Вкупно дом реализиран со многу имагинација и идеја.