Како не сме се сетиле?
Оваа перница можете едноставно и евтино да ја изведете, но со малку смисла за уредување, собата или терасата можат да добијат сосема нов изглед.
Што ви е потребно?
– Бела перница
-Четка
– Црна боја за ткаенина
– Црвена или розевкаста боја за ткаенина
Постапка:
На перница со четка потопена во боја нацртајте капаци со трепки, а потоа усни во боја по ваша желба. Причекајте сето тоа добро да се исуши и уживајте во убавината на новите перници.
Совет: Доколку сакате, на усните можете да залепите и светки во истата боја.