Половина од Британците го ставаат во погрешна дупка

Се цела душа ја чекате ноќта очекувајќи жежок секс и неповторливо уживање. А тогаш, фијаско.

Во најновото истражување, спроведено од британскиот UKMedix.com – специјализиран веб-сајт за сексуално здравје, беа утврдени најчестите грешки и неприлики во сексот. Станува збор за оние моменти заради кои, според одговорите на 2.379 испитаници, повеќе од половина од луѓето чувствуваат силен притисок и неудобност.

Верувале или не, на прво место на листата на најчести грешки, кај 51 проценти од анкетираните, е „влез во погрешна дупка“.

На второ место е прастариот клише-момент на изговарање на име на друга личност од онаа со која имате секс, а тоа се случува кај 42 проценти од испитаниците.

wronghole

Паѓање од креветот е третата најчеста непријатност, а на подот завршуваат дури 39 проценти од анкетираните.

Следни на листата се „валканите разговори“ за време на секс со партнер кому таквите игри не му одговараат. Петото место им припаѓа на оние 31 процент што биле „фатени на дело“.

29 проценти успеваат да се повредат за време на сексот, а една четвртина успеала да го скрши креветот или некој друг предмет во домот.

Нешто помал дел од анкетираните доживеале да заспијат, или да им заспие партнерот, за време на самиот чин.

Последни, но не и најмалку забавни – 11 проценти од испитаниците останале врзани или заробени со лисици, а 9 проценти останале со предмети заглавени на „незгодни места“.

- Реклама -