Кајсијата содржи доволно хранливи материи и антиоксиданси, што може да биде совршен избор за витамини, а воедно да ги стимулира мозокот и телото.
Погледнете неколку причини зошто да се насладуваме на овој плод.
Тајната на Хунза
Виталните стогодишници од пакистанската долина Хунза се добар пример на делувањето на природната медицина. Тајната на нивната долговечност се крие во едно овошје – кајсија. Здравствените користи на ова овошје се навистина импресивни!
Јадејќи ги оревите и сувите кајсии жителите на долината Хунза, раскажува порталот zdravjeihrana, жителите доживееле длабока старост. Маслото од коската на кајсијата кое некогаш се користело за готвење се помалку е во употреба, а помладите жители се повеќе се подложни на седење и неактивност.
Овошје за долговечност
Локалниот доктор Кваџа Кан, изјавил за британскиотIndependent: ″Овие луѓе беа многу витални. Доколку би ги преживееле детските заболувања, би имале екстремно долг и продуктивен живот″.
Освен чистиот воздух и планинската клима влијанието на кајсијата и маслото од нивната коска често се поврзувал со долгиот и квалитетниот живот на жителите.
Здравствените предности на кајсијата се препознаени и на запад. Добри се против запекот, различите кожни проблеми, болки во мускулите, болки во увото …
Единение кое се добива од коската на кајсијата и на илјада други билки е амигдалин од кој се од едноставната екстракција добива и Леатрил или Б17. Околу ова се водеше голема расправа и се води теорија на завера. Иако е забранет од 1971. година во САД, Б17 и понатаму некои го нарекуваат вистински лек против ракот. До забраната дојде затоа што содржи опасни дози на цијанид. Овие тврдења некои стручњаци ги негираат тврдејќи дека на фармацевтската индустрија и е цел да ги исклучи од пазарот сите вистински, ефикасни и евтини лекови.
Здравствените придобивки од кајсијата:
– Тие се ниско калорични но се богати со витамини А, Б2, Б3 и Ц, како и со корисни природни шеќери.
– Содржат 10 пати повеќе магнезиум од останатото овошје.
– Познатиот блиско источен доктор Avicena/Ibn Sina (980-1037) пишувал за големата лековитост на ова овошје.
– Сокот од кајсија е добар извор на калциум и железо и тоа е причината зошто се препорачува на бремените жени и на малите деца. Природниот 100 постотни сок (150милилитри) ги задоволува нашите дневни потреби за каротин.
– Сувите кајсии им (100-150 грама на ден) се препорачуваат на деца и на повозрасните луѓе како природен лек.
– Сувите кајсии се богати со калиум карбонат кој е потребен за луѓе кои патат од различни срцеви проблеми, посебно аритмија.
-Подобрените функции на мозокот поради високата содржина на магнезиум и фосфор. Овие елементи можат да помогнат во нормализацијата на крвниот притисок.
– Позитивно влијаат на нашите очи. Кајсиите содржат добри количини на витамин А па можат да го подобрат видот.
– Сокот може да ја намали киселоста во желудникот и да ги намали симптомите како што е надуеноста.
– Чајот од кајсија ги намалува болките поврзани со проблемите на пробавниот систем.
– Кајсијата е совршен диуретик. За максимален ефект се препорачува 70 до 80 грама сок од кајсија 6-7 пати дневно.