4 намирници поради кои изгледаме подебело од што сме

Иако варијацијата во тежината кај некои жени е нормално, понекогаш за надуениот стомак поради кој изгледате подебело од што сте навистина, не се одговорни килограмите туку одредени видови на храна.

Ви претставуваме 5 главни причини за надуеноста која ве спречува да го облечете вашиот омилен пар фармерки.

Млеко

Сите знаеме како млекото во преголеми количини не е здраво за нашето здравје. Но, ако тоа ви предизвикува проблеми со варењето и надуеноста можеби проблемот е во вашиот организам кој не поднесува лактоза.

Скроб

Ако храната богата со скроб ви предизвикува подуеност во стомакот, не мора да го отсранете од вашата исхрана туку само да го изберете оној кои не го прави тоа. Пченицата, јачменот и ‘ржта содржат големи количини на фруктан, полимер на фруктоза кој предизвикува надуеност. Подобро во вашата чинија да се најде компир, ориз, пченка и овес, кои содржат многу помали количини на фруктан.

Прочитајте и:  Три најздрави намирници за мозокот, според лекарите

Овошје

Иако овошјето е преполно со здрави состојки како витамини и минерали, и тоа може да биде причината за вашата подуеност. Причината се крие во количината на фруктоза и гликоза. Подобро изберете бобинкасто овошје, грејпфрут и цитрус бидејќи тие, за разлика од јаболката и крушите содржат значително помали количини од горенаведените состојки.

Заменски шеќер

Сорбитол, ксилитол и манитол се вештачки засладувачи кои се наоѓаат во т.н. диетални пијалоци и гуми за џвакање. Ако чувствувате подуеност после конзумирање на диетална храна и пијалоци, избегнувајте такви производи. За основна примена подобро употребувајте прородни засладувачи како стевиа и агава сируп.

- Реклама -