Кина забрани протести на плоштадот Тиананмен

Денес се навршија точно 23 години од крвавото задушување на продемократското движење во Кина, на плоштадот Тиананмен во Пекинг, кога војската со голем број тенкови беше испратена да се справи со демонстрантите. Обидите за чествување на истото место останаа безуспешни.

Бдеењето со свеќи, во чест на загинатите и „исчезнати“ демонстранти од 1989 година, се одржа во полибералниот Хонг-Конг, каде што илјадници луѓе ја поминаа ноќта пред платно со слика од местото каде што беа масакрирани нивните сограѓани.

По повод годишнината од масакрот, кинеската влада воведе мерки за цензура на активностите, во физичка смисла, но и на интернет. Термините: „4. 6.“, „23“, „свеќа“ и „да не се заборави“ автоматски се блокираат од сите провајдери, а личните информации од оние што направиле пребарување или ги напишале се препраќаат до полицијата.

Прочитајте и:  Павел: Нема мир во Украина без Русија и Кина на преговарачката маса

На самиот плоштад и во неговата близина, денес беше преполно со припадници на парламентарната полиција на Кина, во униформа, но и во цивил. Тие имале за задача да внимаваат на знаци на организирани протести, по што автоматски следува приведување на сомнителните лица.

Повеќе десетици граѓани, но и туристи биле приведени за испрашување, поради „сомнително однесување“ на плоштадот Тиананмен, во Пекинг, на 23-та годишнина од првите продемократски демонстрации во комунистичка Кина.

Иако не постојат официјални и потврдени информации, се верува дека дел од тогашните демонстранти кои барале демократија сè уште скапуваат во кинеските затвори, без можност за судење или ослободување. [Tiananmen anniversary: China arrests activists]

- Реклама -