Кристалната куќа е елегантен дом дизајниран од Gómez De La Torre & Guerrero.
Лоцирана во Playa Señoritas, плажа во близина на Лима, Перу.
Дизајниран како проект со голема просторност, овој дом е базиран на концептот на голема стаклена кутија која го подржува бетонскиот покрив, кој е опкружен со странични тераси, и со отвор на покривот кој се повлекува и ја поткрепува идејата на целосна транспарентност.
Куќата е опремена со систем кој го кондиционира воздухот природно. Централниот покрив е опреративен да го ослободува топлиот воздух; влезот на ладен воздух е овозможен преку екраните на стаклената фасада со поглед на морето. Проектот предлага куќа со интегрирани средини, на простор од три нивоа, кои се поврзани со поглед на морскиот хоризонт.
Располага со три спални, три бањи, просторна дневна, тераса со два базена и прекрасен поглед.
Сензуалност, игривост, романтичност и безвременост. Жаргонски кажано: „куќава е порно“!