Нови шпиунски фотографии на AMG верзијата на идниот спортски кросовер Mercedes-Benz ML Coupe беа објавени од голем број европски изданија. Како се наведува инженерите на компанијата ја тестираат новата суспензија на моделот опремена со воздушно потпирање.
Првите шпиунски фотографии на ML Coupe беа објавени во мај, но тогаш машината имаше далеку посериозна камуфлажа. Сега веќе јасно се гледаат контурите на предниот браник, кој е поделена на неколку делови. Во споредба со старите фотографии всмукувачите за воздух се намалија, променета е и маската на ладилникот, која веќе е со едно „ребро“ кое минува низ амблемот.Што се однесува до задниот дел, таму промени нема. На покривот на багажникот, како и досега, е лоциран мал спојлер, а цевките на издувниот систем се спарени. Веќе се гледаат и AMG елементите по страничните делови на автомобилот.
Се очекува модификација Mercedes-Benz ML Coupe 63 AMG да добие 5.5 литарски Твин-турбо V8 мотор со моќност од 577 КЅ и 900 Nm вртежен момент. Истиот агрегат ќе се нуди и на каросерија S 63 AMG. Стандардните верзии на ML Coupe ќе добијат мотори од M-Класа, четирицилиндерски дизел, како и бензински и дизел V6. Менувачот е 7-степен автоматски, а како опција ќе се нуди воздушно потпирање.
Производството на моделот ќе биде сконцентрирано во фабриката на Mercedes-Benz во САД, каде што се составуваат C-Класа, GL и R-Класа. Продажбата на ML Coupe ќе стартуваат во септември 2015 година.