Го заборавила бебето на покривот од автомобилот

Каталина Клузер од Аризона, го ставила своето бебе старо пет недели во седиште за бебиња и потоа го заборавила на покривот од својот Форд Фокус и заминала.

Некаде околу 1 часот во саботата, полицијата во Феникс добила повик за случајот, од загрижени минувачи. Откако отишле на местото на настанот, го пронашле бебето, на средина од крстосница, врзано во седиштето. Тоа веднаш било префрлено во најблиската болница од противпожарната служба, каде што докторите утврдиле дека бебето е „во одлична состојба“.

Мајката на годината, која има само 19 години, била уапсена под обвинение за злоупотреба на деца и возење под дејство на супстанци, откако признала дека вечерта испушила многу марихуана. Таа открила дека го нема нејзиното бебе дури кога стигнала дома. Во тој миг се јавила кај своите пријатели и побарала помош при враќање на чекорите од вечерта. Иако успеале да го пронајдат бебето, полицијата веќе била таму, а Клузер завршила во притвор и многу веројатно ќе го загуби старателството. [Stoned Mom Leaves Baby On Roof Of Car, Drives Off]

- Реклама -