Неверојатно: Човекот што требаше да се најде на двата малезиски лета, ама се премисли

Верувале или не, Мартен де Јонг требало да се најде и во двата авиона на Малазија Ерлајнс, чии летови завршија со катастрофално трагичен крај. Среќникот на два пати успеал несвесно да ја измами смртта, заменувајќи ги билетите во последен миг. Неговото име се наоѓало на патничките листи и на исчезнатиот MH370, по кој сеуште се трага, но и на летот MH17, кој беше соборен пред неколку дена во Украина.

Во првиот случај, Холанѓанецот, кој е професионален велосипедист, имал закажан лет од Куала Лумпур, со кој требало да стигне и да се натпреварува на трка во Тајван. Го презакажал летот во последен миг, сакајќи да го избегне попатното застанување што било планирано во рутата на авионот.

Прочитајте и:  Фон дер Лајен спасила патник на лет за Брисел

Трета шанса за живот добил по трката во Холандија, одржана непосредно пред последната несреќа, кога Мартен требало да се врати во Азија. За среќа, се премислил и купил билет за следниот авион што летал викендот.

marten1.jpg

„Колку сум среќен за себе и своето семејство што бев пријавен за овој лет и го откажав во последната минута… Сепак, мојата приказна е ништо во споредба со мизеријата што ги снајде сите овие луѓе. Мора да им се посвети внимание и помош на жртвите и на преживеаните. На сите засегнати им посакувам многу среќа“, напиша тој на својот веб-сајт.

- Реклама -