Секоја вечер минува по 6 километри за да ја пренесе оваа ќеса. Но има и добра причина…

Веројатно сите сте слушнале за пожртвуваноста и љубовта на кучињата кон своите сопственици, но ваква верност се уште не сте виделе. Симпатичното куче, Нела Ванија, било пронајдено и присвоено од Лилика, сопственичка на техничкиот отпад во Сао Карлос, Бразил. Од тогаш живее таму заедно со нејзиното многубројно семејство, кое освен децата е составено и од едно куче, мачка, магаре и неколку кокошки.

Сепак, да се прехрани волку големо семејство не е воопшто едноставна задача, па секојдневното изнаоѓање на храна е вистинска борба. За среќа, верноста на Нела Ванија е за вистинска восхит, па така, она што таа секојдневно го прави за ова семејство, не би го направиле ниту повеќето луѓе.

Прочитајте и:  Храна која може да доведе до затнување на артериите

Имено, барајќи храна низ контејнерите, кучето се одалечило дури 6 км од ѓубриштето каде живееле, по што го пронашла Лусија Елен де Суза, наставничка и голема љубителка на животните. Кога таа оставила храна за Нела Ванија, била изненадена што кучето изело само дел од оброкот, а остатокот го гледала како нешто да очекува. Лусија брзо заклучила дека животното можеби сака остатокот од својот оброк да го даде на некој, па го спакувала во кеса, која Лилика внимателно ја однела во својот дом.

Семејството кое било изненадено од гестот на кучето, радосно вечерале, а Лилика секоја вечер редовно ја посетува учителката која неуморно испраќа оброци.

- Реклама -