Овој вкусен летен коктел на база на рум е вистински избор за разладување, а ние ви го претставуваме оригиналниот рецепт за овој освежувачки пијалок.
Постојат многу приказни за потеклото на самиот коктел, а едната од нив е дека настанал во 1957. година во „Кариби Хилтон хотелот“ во градот Сан Хуан во Порторико, поради што овој пијалок се смета и за официјален пијалок на Порторико. Според оваа верзија коктелот го создал Рамон Мончито Мерето, тајландски шанкер во хотелот.
Втората верзија е дека човекот што ја измислил Пина Коладата не е од Карибите, туку од Европа, а неговото име е Рикардо Гарсија.
Еве го рецептот за овој освежителен пијалок.
Потребни состојки:
– 50 мл. бел рум
– 100 мл. сок од ананас
– 25 мл. кокосово млеко
– 2 шолји скршен мраз
Подготовка:
Состојките ставете ги во блендер и миксирајте ги додека не се соединат. Сервирајте во поголема чаша и декорирајте по желба.