Thorngrove Manor е мал, романтичен и уметнички хотел, со уникатна архитектура и ненаметлив модерен стил, лоциран во Австралија.Во овој прекрасен замок, наречен Thorngrove Manor, кој се наоѓа во Австралија, може да уживате во целосна приватност и тишина.
Хотелот располага со 6 стилски опремени апартмани, но идејата на сопствениците е совршенa услуга и дискреција. Во еден стан не можат да бидат сместени повеќе од петмина гости истовремено.
Престојуваjќи во Thorngrove Manor можно е дури и да не се сретнете со останатите гости за време на нивниот престој. Ресторан нема, но тоа не треба да ви пречи, бидејќи вкусните деликатеси и јадења се принесуваат во трпезаријата во станот или пред каминот на Кралскиот стан. Дополнителна опција е вечерата на свеќи.
Внатрешноста на становите и собите е создадена во стил, кој импресионира со заситени бои и убави детали. Можете да уживате покрај убави камини, француски позадини, оригинални спални и англиски мебел од XVIII век.
Повеќе фотографии, можете да видите ТУКА.