Некои луѓе едноставно имаат талент за декорирање. Тие знаат точно каква боја да ја обојат собата, или со мал детал да го разубават дворот.
Една жена од Русија веројатно ги победи сите. Олга Костина, живее во селото Кармачага во сибирскиот Тајга, и прави нешто неверојатно од надворешноста на нејзиниот дом.
Таа собрала 30.000 капачиња од шишиња во текот на годините, па се одлучила најуникатно да ги употреби истите. Таа ги кова сите капачиња поединечно на нејзиниот ѕид, притоа создавајќи шарени мозаични дезени и слики.
Областа во која што живее Олга, не е многу густо населена, па ова и е идеален начин да се расположи и да ужива во мирниот живот.
Со цел да се создаде прекрасна слика, Олга користи конвенционална ресна техника, која вклучува ткаење и плетење јазли, за да ги пополни празнините.