Слонот чии што солзи го погодија светот си најде девојка (Видео)

Слонот кој 50 години бил заробен и изложен на страшни тортури, започна нов живот во семејство кое што го посвои.

Прочитај повеќе: Слон заплакал откако после 50 години, му ги извадиле оковите

Веднаш по пристигнувањето, тој ја запозна Пулкали, слончица која исто така била спасена пред две години, а ја пронашле изгладнета во напуштено складиште, без прозорци.

Пулкали е денес во одлична состојба, па со својот нов пријател ја сподели вечерата ( манго, банани и бисквити), а странските медиуми се пошегуваа дека меѓу нив се раѓа љубов.

Др. Јади, ветеринар кој се грижи за слонот, тврди дека тој „изгубил доверба во човековиот род“.

Цела екпиа се грижи околу тоа да му ги санира раните, настанати во текот на тортурата.

- Реклама -