Состојките кои што ви ги претставуваме сигурно ги имате во домот, затоа промешајте ги и исчистете ги прозорците, наместо да трошите пари на разни хемиски средства.
Користејќи домашни средства за чистење, не само што ја чуваме околината, туку штедиме и пари.
Во слободно време промешајте ги, а кога ќе дојде времето искористете ги. Погледнете го следниот рецепт за правење на средства за чистење на прозорци.
Состојки:
240 мл. оцет
100 мл. вода
10 капки есенцијално масло по избор ( препорачуваме лимон)
Подготовка: Промешајте ги состојките. Промешајте го шишето пред употреба, попрскајте на прозорите и поминете ги со крпа.