Seavus со уште една донација во образованието на стручни и ретки ИТ кадри

Студентите на предметот „Вградливи компјутерски системи“ при Факултетот за Информатички науки и Компјутерско инженерство од септември ќе работат со современи едукативни развојни системи со чија помош лесно и брзо ќе навлезат во тајните на вгнездените технологии благодарение на донацијата на најголемата ИТ компанија во Македонија, Seavus.
Донацијата се состои од комплет електронски плочки кои содржат модерен микроконтролер и широка палета на периферни интерфејси за поврзување со други вгнездени системи или дигитални уреди. Комплетот е систем изграден на начин кој ќе овозможи едноставна изработка на вгнездени системи за најразлична намена, вклучувајќи и едукација на студентите кои сакаат да ги изучуваат технологиите кои се користат за изработка на вгнездени системи.

4

На овие системи студентите ќе може да ги тестираат своите софтверски решенија, да ги прилагодуваат за различна намена, да изведуваат мерења на перформансите и постапно да ги изучуваат методите за комуникација преку популарните интерфејси како што се: USB, UART, SPI, I2C и слични.
Seavus во изминатиот период постојано го зголемува обемот на соработка со техничките факултети во земјата, а донацијата за ФИНКИ е само една во низата планирани да се реализираат во следните академски години.

2

***
Seavus® е компанија за развој на софтвер и консалтинг услуги со докажано искуство во успешни бизнис софтверски решенија. Компанијата брои преку 500 ИТ експерти ширум светот и нуди широк спектар на софтверски производи, решенија и услуги, успешно покривајќи го европскиот и американскиот пазар преку неколку канцеларии и претставништва во светот. Портфолиото на решенија и услуги вклучува BSS/OSS, CRM, CEM, Business Intelligence решенија, ALM, Embedded програмирање, мобилни апликации и гејминг решенија, Managed Services, како и консалтинг и развој на апликации по барање на клиентите. Во портфолиото на Seavus се вбројуваат над 3500 клиенти, меѓу кои светски телеком оператори и производители на мобилни и електронски уреди, организации од банкарскиот и финансискиот сектор, технологија, образование, здравство, итн.

- Реклама -