Девојките знаат што е ова :)

Драги читателки решивме да ве вратиме со оваа фотографија во детството, во времето на првата љубов и симпатиите.

Сето ова започнуваше со „Сакаш ли да ти гледам“, а понатаму еве како идеше:

20140708_153933

„ На колку години ќе се мажиш“? (бројката во средина).

„ Кaжи три први букви од три машки имиња“ (горе)

Милионер, богат, сиромав (фото лево)

1,2 ,3 деца (фото десно)

„Наброј три омилени автомобили (доле)

Потоа започнуваше броењето, онолку пати колку што има години во средината. Од првото име, кон десно се брои 23 пати, па онаму каде што застанува 23-тиот пат таа буква се прешкртува. Така, отпочеток броите 23 пати, па отпочеток, се додека не остане од секоја страна на коцката по една буква.

На крајот се допишуваат В (вистина), Л (лага) и С (сон) – фото најдоле, па потоа повторно се брои до 23, па до 23, додека не остане едно.

Што се случува на крајот:

Одиме според слилката: Личноста X на која што и гледаат ќе се омажи на 23 години, со човекот на буквата „Р“, ќе бидат Милионери, ќе имаат две деца, ќе возат ферари и сето ова е Вистина.

Звучи толку смешно денес, но на почетоците од спознавањето на симпатиите ова беше најголемата забава, барем во 90-тите 🙂

- Реклама -