Како да ги задржите осите подалеку од домот?

Осите се непожелни гости секаде каде што има луѓе, а особено во вашиот дом. Па, како да ги избегнете?

Од Household Hacker, предлагаат еден лесен, едноставен и ефтин трик што ќе ги држи настрана од вашето живеалиште и ќе ве поштеди од мали аритмии и адреналински напади.

Се што ви треба е хартиена шопинг кеса. Штосот е во тоа да направите лажно осино гнездо. Имено, некои видови оси ги избегнуваат постоечките гнезда на другите колонии, па со поставувањето на кафената книжна вреќа, може да ги измамите да ја избегнуваат локацијата. Наполнете ја кесата со хартија или со повеќе кеси и врзете го врвот со коноп или самолеплива лента. Поставете го лажното гнездо на местото каде што не ги сакате овие натрапници.

Треба да се напомене дека ефикасноста на овој трик е тешка за тестирање и нема многу научни докази дека делува. Сепак, добар дел луѓето што ја пробале, сведочат дека дефинитивно се исплати. Згора на тоа, постојат и компании што продаваат комерцијални „лажни гнезда“ на Amazon.com, а рејтинзите на овие продукти се доста високи. Со еден збор: „Што ве кошта да пробате?“

wasp deterrent

- Реклама -