Што ќе ти јахта, кога можеш со автобус?

Кому му е потребна јахта кога може да плови со приватен автобус за само 1.2 милиони долари? Terra Wind Amphibious Motorcoach изгледа како обично возило со кое би можеле да ги извадите од памет набљудувачите ако го насочите да вози кон некое прилично големо вирче или езеро. Но, тоа што тие не го знаат е дека автобусот не само што може да плови на вода, туку со него можете без мака да крстарите со брзина од дури 7 јазли.

bus1 bus2

13-метарскиот „јахтобус“ се состои од алуминиумски труп, трем што воедно е и палуба за пливање, контролна табла обложена со кожа, налик на авионски кокпит, компјутерки прикотвувачки систем со интернет пристап, GPS, и 3D навигациони мапи и инструменти.

bus3 bus4

Внатрешноста е целосно подложна на преуредување, а содржи паркет, шкафови, електроника, аудио и видео системи за забава, целосно опремена кујна и домашно кино-театар. По желба, можете да имате и огледало наместо таван.

bus5 bus6

Најтешките компоненти на возилото (дизел-моторот и резервоарите за гориво) се сместени во дното на трупот, а и самиот труп е дизајниран за да спречи превртување и да гарантира стабилност, дури и на вода. А ако помисливте дека такво нешто не може да развие голема брзина кога е на пат, се лажете – автобусот развива и до 128 км/ч.

- Реклама -