Најевтините градови кои треба да ги посетите ова лето

Лондон, Париз и Њујорк се најскапите градови ова лето за кратка посета со авион, објави туристичкиот портал Tripadvisor.

За разлика од нив, постојат и оние многу подостапни дестинации за нас Македонците. Дознајте кои се најевтините!

Просечна цена на едно ноќевање, такси, оброк и пијалок во овие три градови изнесува од 377 евра во Лондон до 364 евра во Њујорк.

Во десетте најскапи градови спаѓаат уште Стокхолм, Осло, Цирих, Копенхаген, Хелсинки, Торонто и Сиднеј.

Џакарта

Според податоците од Tripadvisor, најевтините во горенаведената категорија се виетнамскиот град Ханој со 111 евра и Џакарта во Индонезија со 115 евра трошок.

Ханој

Во десетте најевтини градови спаѓаат уште Шарм ел Шеик, Бангкок, Софија, Кејп Таун, Мумбаи, Куала Лумпур, Прага и Будимпешта.

Истражувањето е спроведено во 48 градови.

- Реклама -