Факултетот за архитектура и дизајн при Универзитетот Американ Колеџ Скопје организира Меѓународна летна школа насловена “Преобмислување на метаболизмот“ (Metabolism revisited).
Од утре, па се до 06 Јули, Факултетот за Aрхитектура и Дизајн при Универзитет Американ Колеџ Скопје по втор пат ја организира Меѓународната летна школа за архитектура во Охрид.
Целта на оваа школа е афирмација и промоција на архитектурата и можноста за креативно изразување на идните архитекти. Истовремено, оваа школа им овозможува на студентите да ги унапредат професионалните знаења и способности за полесно да ги совладаат предизвиците од културната експанзија.
Минатата година, на првата летна школа во организација на Факултетот за Архитектура и Дизајн при Американ Колеџ Скопје, учествуваа околу 30 студенти кои дадоа свое видување за изгледот на просторот околу Чинарот, локацијата Долни Сарај и просторот кај поранешното основно училиште “Св. Климент Охридски“ во Охрид.
Оваа година бројот на студенти и заинтерсирани за учество на летна школа е зголемен и има преку 50 пријавени студенти од неколку држави меѓу кои: Италија, Иран, Романија, Молдавија, Албанија, Русија, Украина, Хрватска, Србија, Словенија и Полска. Тие ќе имаат за цел да предложат архитектонски и дизајнерски интервенции за неколку локации во град Охрид, кои во текот на работата ќе можат сами ќе ги изберат.
Студентите ќе бидат подели во неколку групи и заедно со своите професори и ментори ќе создаваат можни сценарија за ново видување на архитектурата и јавниот градски простор.
Во рамки на летната школа, оваа година сите учесници ќе можат да присуствуваат на предавања од врвни и еминентни емиња од светот на архитектурата, меѓу кои Јошихару Цукамото и Момојо Каиџима (www.bowwow.jp) од Јапонија и Винко Пенезиќ и Крешимир Рогина (www.penezicrogina.com) од Хрватска.