Жените кои што раѓаат подоцна, живеат подолго

Жените кои што раѓаат во подоцнежната фаза од животот, живеат подолго.Истражувањето покажува дека жените кои што го раѓаат последното дете по 33-годишна возраст, имаат два пати поголеми шанси да го прослават 95-тиот роденден во споредба со жените кои го раѓаат последното дете до 29-годишна возраст.

„Тоа не значи дека жените треба да го одложат раѓањето на деца, за да го продолжат својот живот. Возраста на последното раѓање може да биде показател за стареењето. Природната способност да имаш дете на постара возраст можеби покажува дека репродуктивниот систем на жените старее бавно, како и целиот нивен организам “, вели д-р Томас Перлс од медицинскиот центар кон Бостонскиот универзитет во САД.

Прочитајте и:  16 дена активизам против родово базирано насилство - “Лузни на издржливост, гласови на надеж”

Научниците ги анализирале податоците од социјалните генетски истражување Long Life Family Study меѓу 551 семејства. Голем дел од членовите на овие семејства се радуваат на исклучително долг живот.

Резултатите од истражувањето покажуваат дека веројатно жените се виновни за еволуцијата на генетските варијации, кои го успоруваат стареењето.

- Реклама -